ВИДЕО | Шокантна снимка од црногорско приморје

Снимката од змија како лази по песокот на плажата во Чањ никого не остави рамнодушен на социјалните мрежи.

Видеото е објавено на Фејсбук страницата  „Подгорички времеплов“ и покрена низа коментари меѓу публиката.

-Тоа е вид на змија Топчест питон, веројатно му побегнала на некого или некој го оставил тука, со оглед на тоа дека потекнува од западна и централна Африка. Не се отрвони и не спаѓаат во агресивните видови, лови така што ќе го касне и ќе го задави пленот, иако ова е мал примерок кој не може никому да му наштети, напиша еден корисник.

Други негодуваа дали е ова домашно милениче кое сопственикот си го зел на плажа, без да размисли како другите туристи би реагирале на влекачот во песокот.

– Питонот 10 дена слободно може да го оставите во терариум пред да замините на пат, треба само да се нахрани, да му се остави доволно вода и 15 дена не мора да се храни. Но ова е селска работа. Погледнете имам змија… Ако тргнам јас да ја шетам мојата боа од два и пол метри нема да му биде добро, напиша еден познавач на змии кој и самиот се пофали дека чувал боа.

Слични Вести
Menu