Памела Андерсон ја продаде куќата во Малибу

Памела Андерсон конечно ја продаде својата палата во Малибу за 11,8 милиони долари, иако на пазарот за недвижности ја објави по цена од 14,9 милиони долари претходно годинава.

Продажбата на домот од 2.700 квадратни метри може дури и да го собори рекордот на недвижен имот во Malibu Colony, каде што еден квадрат е проценет на повеќе од 4.000 долари, според „ТМЗ“.

Новата среќна сопственичка на домот е Лорен Крајс, извршна директорка и раководителка за креативна стратегија на „Крајс мебел“ (Kreiss Furniture).

Меѓу ѕвездите кои поседуваа куќи во оваа мала заедница се Ед Нортон, Џим Кери, Леонардо Ди Каприо. Барбара Стенвик, Роналд Колман и Глорија Свонсон.

You might also like
Menu