Го знаеме како актер, водител, шоумен, а можеби и никогаш не сте знаеле дека сакал да биде психијатар. Човекот за кој многумина зборуваат, а ретко кој знае.
Знаеме за неговиот брак со Искра, но никој не знае дека Игор Џамбазов се разведе од неа со возачка дозвола.
Роден е на 15 јули 1963 во Скопје во семејството на композиторот Александар Џамбазов и глумицата Анче Џамбазова, а како внук на истакнатиот глумец Петре Прличко.
Што се однесува до почетоците во глумата, неговата примарна професија, Игор Џамбазов со глума почнал да се занимава на шестгодишна возраст кога глумел во филмот Македонскиот дел од пеколот, во режија на Ватрослав Мимица.
Во текот на детството, во тинејџерскиот период, па се до запишувањето на Академијата за драмски уметности, тој е присутен во различни емисии и серии.
Значајна улога во овој период е улогата на Трајче во филмот кој се базира на истоимената книга „Волшебното самарче“ од Ванчо Николески. Во филмот ја играл главната улога заедно со легендарниот глумец Ристо Шишков.
За екстрадниот магазин „Бекстејџ“, Игор Џамбазов отворено и за прв пат проговори за врската со алпиниската Илина Арсова.
А откако се во врска тие се многу активен на социјалните мрежи, редовно споделувајќи фотографии од местата кои заеднички ги посетуваат низ Македонија.
Па за само неколку месеци станаа омилен пар, водејќи не’ низ нивните авантури, во нивен хумуристичен стил.
Сега Игор откри како нешто повеќе за нивната врска.
– Кога имаш до себе жена која е меѓу шеесет и нешто жени во историјата што го направиле тој подвиг (мислејќи на нејзините достигнувања во планинарењето), сфаќаш дека имаш работа со посебен човек.
И уште ако ви се вкрстат енергиите, заедничките размислувања и оние нешта кои не’ порзуваат околу уметноста, околу тоа колку ја сакаме Македонија, околу начинот на живот, скромноста во животот, – раскаќува Џамбазов.
Околу тоа како се запознале, Игор призна дека тој прв и’ се јавил:
-Го најдов нејзиниот број преку заеднички пријатели и кога ми рече „Ало“, се претставив и и’ кажав дека сите сакаат да се запознаат со мене, а еве јас сакам да се запознаам со неа.
За идните планови со Илина не сака да планира, бидејќи така често доаѓа до несакани ситуации и последици, па затоа вели „ќе видиме“.
Неговата животна приказна апослутно никого не може да остави рамнодушен. Подеми и падови, порази, изгубена љубов, професионални успеси, трнлив пат и вротглаво возење по работ…
Живот кој наликува на ролеркостер и кој може да послужи како пример и лекција на помладите генерации. Човек феникс, мултиталент, еден и единствен..
Во продолжение во Бекстејџ, емотивна исповед на Игор Џамбазов…