Проектот е можеби бесмислен, но помага да се сфати разликата во функционирањето на двата типа мотори.
Рускиот Јутјуб канал „Garage 54“ е познат по несекојдневните и често целосно бескорисните проекти и преправки на автомобили и мотори.
Сепак, љубителите на автомобили и механика можат да научат некои основи за функционирањето на автомобилите и погонските единици од нивните потфати.
Темата на најновата епизода е преправка на дизел во бензински мотор. Иако овие два вида мотори технолошки значително се разликуваат, руските инженери си дале задача да го принудат дизел моторот на „Toyota“ да работи со помош на бензин.

Но, тоа не било лесен потфат. Бензинот и дизел горивото различно согоруваат во моторот, што значи дека било неопходно да се направат значајни промени во погонската единица.
Една од нив е прашањето за односот на компресија во комората за согорување, кој е превисок кај дизел моторите. Проектот започнал со расклопување на моторот, чистење на деловите и мерење на коморите за согорување. Инженерите потоа го намалиле односот на компресија со истенчување на клиповите и други промени.
Меѓутоа, соодносот на компресија била само една од пречките за претворање на дизел мотор во погонска единица на бензин.
Дизел моторите немаат свеќички кои се неопходни за бензинскиот агрегат за согорување, така што дупките за вбризгување на горивото биле изменети со цел да одговараат на свеќичките, додека запченикот на дизел пумпата со висок притисок бил пренаменет за да работи со свеќички.
Откако измените биле довршени и моторот повторно составен, дошло време за првото „палење“. Русите го приклучиле акумулаторот, додале гориво и го свртеле контактот.
Моторот стартувал при првиот обид и иако не функционирал непречено при ниски вртежи, сепак стартувал без никакви проблеми.
Погледнете го видеото: