Не е едноставна само по луксузот, туку и по безбедносниот систем.
Милијардерот Роман Абрамович, сопственикот на ФК Челси, наскоро ќе ужива во својата мегајахта „Solaris“ чие создавање било реализирано во Германија.
Неверојатното пловило долго е 140 метри, а од месец април траат неговите тестирања, додека ја обиколува Шпанија и Азурното крајбрежје.
Јахтата има осум палуби, капацитет за сместување на 36 гости и 60 членови на посадата. Но, не е едноставна само по луксузот туку и по безбедносниот систем.
Двете „Azipod“ единици обезбедуваат брзина од 33 км/ч. (18 чворови), а мегајахтата може да ги достигне и најоддалечените делови од планетата.
Меѓутоа, овие податоци треба да се земат со резерва поради тоа што се основани врз шпекулации. Деталите на скапоцениот проект наскоро јавно ќе бидат соопштени.