Сите ние имаме свои начини на мерење на успехот во животот и тие неретко го менуваат текот на животот.
За еден од најбогатите луѓе на светот, Бил Гејтс, тоа е „процена на неговиот личен и работен живот на крајот од годината“.
„Некои мислат дека тоа е банално, но мене ми се допаѓа“, напишал основачот на „Microsoft“ во 2018 година на неговиот блог.

Гејтс исто така забележал дека денес неговата процена е многу поразлична отколку што тоа било случај во неговите 20-ти години.
„Тогаш за процената на крајот од годината би си поставувал само едно прашање: Дали Microsoft ги оствари соништата на корисниците?“, напишал тој.
Три прашања кои Гејтс секогаш си ги поставува себеси:
1. Дали сум посветил доволно време на моето семејство?
Парите можат да купат многу работи, но вам не можат да ви купат дополнителни минути во текот на денот. Дури и во деновите кога има најмногу работа, Гејтс го поминува секое слободно време со семејството.
2. Дали сум научил доволно нови работи?
Гејтс отсекогаш имал желба за учење. Во интервју за „NYT“ во една прилика открил дека чита по 50 книги годишно. Покрај тоа тој сака да посетува нови места, да ги запознае научниците и да следи научни програми.
3. Дали сум успеал да развијам некое ново пријателство и да го направам поцврсто старото?
„За мене најважно е да бидам таков пријател каков што другите би посакале да имаат“.