Новинар бил во програма во живо, а зад него почнала да се одигрува вистинска драма

Репортерот од една телевизија известувал од местото на настанот за предложен проект за изградба на вештачко езеро додека зад него почнала да се случува вистинска драма.

Имено, додека Џејкоб Емерсон зборувал, каминиот кој се обидел да спушти чамец во водата, се лизнал во езерото и потонал.

Во времето кога се одиграло се, возачот бил надвор од возилото бидејќи излегол да го одврзе чамецот. Камионот завршил во езерото буквално за 30-ина секунди.

Градоначалникот на Спрингфилд Џим Лангефелдер рекол дека градот ќе го истражи случајот за да се утврди што се случило и дали треба да се направат промени во уредувањето на пристаништето.

Слични Вести
Menu