Фотографии кои покажуваат дека во Токио е неподносливо: Новак морал да ја користи оваа справа за да го издржи натпреварот

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ денеска го победи Шпанецот Фокина, па така се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри во Токио, но многумина можеби не го забележаа овој детаљ.

Имено, денеска температурата е над 30 степени Целзиусови во Токио, а условите за играње тенис се неподносливи, а висока е и влажноста на воздухот (над 60 отсто).

Ѓоковиќ во текот на паузите од натпреварот на клупата постојано користел помош од „кислород“ од цевката од која излегува ладен воздух кој ги разладува тенисерите.

Со помош на тој уред успеал колку-толку да се разлади и да собере сила за продолженијата од натпреварот.

Сепак, Новак успеа да издоминира на теренот против Шпанецот со 2:0 во сетови, а со тоа покажа зошто тој е најдобриот тенисер на светот.

Исто така, фотографиите шокираа многумина и уште еднаш предизвикаа бес кај навивачите кои по пат на социјалните мрежи жестоко ги критикуваа организаторите на турнирот на кои очигледно не им е толку важно здравјето на спортистите.

Температурата во Јапонија моментално надминува 30 степени Целзиусови, но покрај тоа влажноста на воздухот е надвор од границата на нормала и често изнесува 70 отсто во текот на денот.

You might also like
Menu