Поранешната мис Универзум во бело бикини ја „испровоцира“ машката популација

Според мислењето на многумина таа има совршено тело и фигура, а тоа таа повторно го демонстрираше во бело бикини.

Странските медиуми известуваа дека поранешната мис Универзум и манекенка Оливиа Кулпо, овие денови одмара и патува, а нејзините летни дестинации се Капри во Италија, Санторини во Грција.

Тоа што сите го забележале е дека убавицата често споделува фотографии на социјалната мрежа Инстаграм, а на истите блеска.

Според многумина таа има совршено тело и фигура, а тоа овојпат го демонстрирала во бело бикини.

„Ова е твоето најдобро издание“, „Колку добро изгледаш“, „Преубава си“, биле само дел од коментарите.

Да ве потсетиме, популарниот магазин „Maxim“ чии страници со години ги красат убавици од светот, во 2019 година ја прогласи Оливија за најсексапилна жена на светот.

Исто така таа ја открила и тајната на добриот изглед:

„Од својата исхрана целосно ги елиминирав јаглехидратите, шеќерот, алкохолот, односно оние „забавните“ работи. Кардио вежбите ги сметам за најдобри за ослободување од сите оние собрани токсини во телото и ослободување од дополнителните маснотии“, изјавила славната бринета.

Слични Вести
Menu