Нов тренд на плажите – накит за препони

Според таблоидите, секси накитот за препони – како што го опишуваат дизајнирите на овој моден додаток – е најголем хит на плажите низ светот.

Линијата накит за интимниот дел од телото е дизајнирана од јапонската компанија BoDivas, и го носи името Beachtails.

Накитот треба да биде поставен во внатрешноста, додека украсите висат надвор од бикините, меѓу нозете.

Цените варираат во зависност од дизајнот и украсите од околу 15 до 20 евра.

Тоа е метален синџир од нерѓосувачки челик со украсни камења од секоја страна, и се носи така што излегува од бикините. Производителот вели дека нивниот накит изгледа одлично и кога се носи со разни модели долна облека.

Некои модели имаат кристали Сваровски и доаѓаат во различни бои како црна, црвена и тиркизна.

Покрај синџири за препони, тие нудат и украси за брадавици, пренесува весникот „Д Сан“.

Слични Вести
Menu