Излегувањето од карантин го прослави со жешка фотографија

Американската ријалити sвезда Кортни Кардашијан (42) на социјалната мрежа Инстаграм објави нови фотографии на кои откри дека последните десет дена ги поминала во карантин.

Имено, Кортни објави фотографии на кои позира во одразот на огледалото само во бањарка под која не носела долна облека, а зад неа стоело нејзиното момче, тапанарот Травис Баркер.

Кортни сакала да покаже што правеле таа и нејзиното семејство за време на изолацијата, па можете да видите дека се потстрижала, дека гледала филмови, уживала во својот двор, но повеќе од сѐ вниманието го привлече тоа што позирала топлес.

„Десет дена карантин…“, напишала таа во описот на објавата, а нејзиното момче веднаш ѝ одговорило со емотикони на срце: „Десет дена со тебе“.

Се гледа дека ријалити sвездата не е нашминкана на последните фотографии, а покрај тоа што сите коментираат дека е природно убава, машкиот дел од следбениците ги зумираат фотографиите за да видат барем гаќички.

You might also like
Menu