Рибар во Северна Каролина улови риба со „човечки“ заби

На социјалните мрежи е објавена фотографија од риба со необични заби кои со обликот потсетуваат на човечки заби.

Рибар од Северна Каролина на Facebook објави несекојдневна фотографија од рибата archosargus probatocephalus или позната како риба со овчја глава.

За неа е интересно што има неколку реда заби наменети за дробење на пленот. Името го доби поради устата чија форма потсетува на уста од овца.

Рибата ја улови Нејтан Мартин, кој за BBC изјави:

„Ова беше многу добра борба и навистина добар улов. Рибата е многу вкусна“, смета тој.

Слични Вести
Menu