Вељко Ражнатовиќ купи фарма со свињи од 50.000 евра, синот на Цеца почна со нов бизнис

Српскиот боксер Вељко Ражнатовиќ, купил плац во близна на Житораѓа во селото Стара Бозурна. Објектот е со површина од 5.000 метри квадратни, а локалните жители велат дека Вељко за новиот бизнис инвестирал повеќе од 50.000 евра.

„Само парцелата сигурно ја платил 30.000 евра. Тоа е голема фарма која не може секој да си ја дозволи. Внатре има многу свињи и прасиња. Вељко купи и коњ, а во сето тоа вложил барем уште 20.000 евра. Имаат луѓе кои доаѓаат и се грижат за добитокот. И подобро што го купи и инвестираше во него, отколку да пропадне“ велат соседите. 

Тие велат дека примерот на Вељко сега ќе го следат многумина и дека голем дел од младите ќе се вратат на село.

„Тие не сваќаат се уште дека иднината на нашата земја е во земјоделието“, изјавил соседот Горан кој има куќа во близина на имотот на Вељко.

Вељко веќе некое време се занимава и со бизнис со кучиња. Тој главно чува азиски овчари.

Слични Вести
Menu