Супермоделот Ирина Шајк (35) неодамна се најде во центарот на вниманието на медиумите поради наводната врска со контроверзниот рапер Канје Вест, инаку, поранешен сопруг на старлетата Ким Кардашијан.
Неодамна, Ирина и Канје дури беа и фотографирани во Франција, но убавицата која некогаш го заведе фудбалерот Кристијано Роналдо, а потоа и актерот Бредли Купер, со кого има ќерка Леа, не сакаше да ја потврди или негира врската.
Деновиве Ирина ужива во одморот на Ибица, Шпанија, во друштво на славниот дизајнер Рикардо Тисци, првиот човек на модниот бренд „Барбери“.