Се што му треба е шешити камшик! Легендарниот Харисон Форд (79) познат како Индијана Џонс слета во Дубровник каде ужива во релаксирачки одмор заедно со сопругата Калиста Флокхарт и синот Лиам.
Тие го искористија вчерашното сончево време за да прошетаат низ стариот град и sидините.
Додека Харисон носеше обична комбинација со темни фармерки и сива маица, Калиста беше облечена во симпатичен црвен летен фустан.

По прошетката, Харисон се одмораше во вилата гол до половината, истовремено уживајќи во масажа на болното рамо.

Во јуни, актерот го повреди рамото на снимањето на новото продолжение на филмот „Индијана Џонс“, па мораше привремено да го прекине снимањето и го избра Дубровник за негово опоравување, пренесува Dubrovniknet.hr.