Како изгледа плажата во Будва каде лежалките се 150 евра?

Колку сте подготвени да потрошите на лежалки и чадори за одмор? Тоа е тема за која постојано се дебатира. Ги споредуваме цените во Црна Гора и Грција, но никој не помислува на вртоглава бројка од 150 евра.

Токму 150 евра ќе треба да одвоите ако сакате да се одморите на плажа во Будва. Имено, толку многу се наплатува за уживање на плажа на еден хотел.

Но, покрај лежалки, чадори и крпи, добивате и шише од популарниот алкохолен пијалок, или ладен чај, овошје и четири шишиња вода.

Тоа е плажа на луксузен хотел, кој има пет sвезди. Цената на престојот се движи од 970 евра па нагоре. И вака изгледа плажа за која треба да платите 150 евра.

Слични Вести
Menu