„Ferrari“ ја претстави првата сопствена модна колекција

Компанијата позната по тркачкиот тим на Формула 1 и спортските автомобили вчера ја лансираше својата прва модна колекција, а два дена подоцна ќе отвори ресторан во градот Маранело.

Дебитантската колекција на „Ferrari“ беше претставена со модна ревија, исто така во Маранело, а компанијата собрала тим експерти кои ќе им помогнат да зачекорат во светот на високата мода.

„Ferrari“ кон крајот на 2019 година лансираше лајфстајл проект кој има за цел ширење на работата на брендот, а за креативен директор е поставен модниот дизајнер Роко Ијаноне.

За колекцијата е задолжена продукциската куќа „Bureau Betak“ која стои зад дебитантската ревија на Ким Џоунс за „Fendi“ која беше претставена кон почетокот на оваа година, а ревијата ја обликуваше соработникот на италијанскиот „Vogue“, Џејкоб Кјелдгард со „Yves Saint Laurent“.

Никола Боари, главниот човек за диверзификација на брендот, изјавил за „Reuters“ дека целта е достигнување нови клиенти и во „поглед на староста и културата“ – надвор од љубителите на трките и клиентите на спортски автомобили кои веќе ги посакуваат нивните маркирани јакни, маици и капи.

„Ferrari“ е далеку од првата луксузна автомобилска марка која се впуштила во сферата на моден дизајн. Компаниите како „Lamborghini“ и „Bentley“ како и американскиот произведувач на мотоцикли „Harley-Davidson“ исто така се свртеа и кон производство на облека.

Слични Вести
Menu