Овој пат во центарот на скандалите не се нашле ниту принц Вилијам, ниту Хари, туку нивната братучетка, принцезата Евгенија. Поточно, главна тема е нејзиниот сопруг.
Имено, папараците го уловиле Џек Бруксбенк на јахта покрај италијанскиот остров Капри како се забавува со три згодни девојки, Рејчел Залис, Марија Букелати и Ерика Пелосини.
Тоа требало да биде службено патување на кое ќе ја промовира текилата од фирмата за која работа, но изгледа дека Џек премногу се опуштил.
Британската јавност во истиот миг му го замерила сето тоа, особено затоа што принцезата Евгенија, која пред пет месеци го родила нивниот прв син Август, останала дома.
Иако никој не го очекувал тоа, во негова одбрана веднаш застанала неговата тешта Сара Фергусон, која тврди дека тој само си ја работи својата работа како бренд-амбасадор.