Виетнамец си направи „Ферари” од дрво

Милијардерот Дејвид Мекнил пред извесно време, за 70 милиони долари, си купи „Ферари 250 ГТО”. Од ова возило, произведени се само 36 примероци, така што цената и не е големо изненадување.

Сепак, еден јутјубер од Виетнам одлучи да направи мала копија на ова „Ферари” – од дрво. Возилото е наменето за неговиот син, и изгледа фантастично. Целата изработка траела 70 дена.

И покрај пропорциите, дрвениот „Ферари 250 ГТО” е во функција благодарение на електричниот погон, наместо „Коломбо В12″ моторот.

Слични Вести
Menu