Во љубовници УДРИЛ ГРОМ додека имале секс под врба, а потоа се случила вистинска ДРАМА ВО БОЛНИЦА

Случај кој се прераскажува со години и понатаму прдизвикува внимание во јавноста, посебно што сеуште не е утврдено дали навистина се случило или станува збор за мит. Ако навистина се случило, не е познато кога точно се случило, а приказната се одвива вака:

Бојан З. (33) и Мирјана М. (36) од Белград повредени се кога удрил гром додека воделе љубов на Ада Циганлија. Љубовниците страдале наводно под жалосна врба, кога големо невреме го зафатило Белград. Екипа на Брза помош ги префрлила со опекотини потполно голи во болница. После укажаната помош, Бојан е пуштен дома, додека Мирјана била задржана на лекување.

Дежурниот лекар за медиумите потрврдил дека Мирјана е сместена на интензивна нега, и дека животот не и е загрозен.

– Пациентката е свесна, може да јаде и комуницира со персоналот. Повредите кои ги добила се тешки, но очекуваме брзо да се опорави. Посетите засега не се дозволени, но за неколку дена роднините и пријателите ќе можат слободно да ја посетата – рекол дежурниот лекар во болницата.

Но овде не е крај, бидејќи непосредно после примот на повредените љубовници во болницата дошол до невиден скандал.

Млад господин дошол во болницата и се распрашувал за состојбата на повредената Мирјана М. Персоналот на болницата му кажале на кое оделение и притоа го замолиле да ја преземе нејзината гардароба. Меѓутоа меѓу женските работи кој ги земал биле и машки алишта. Кога му објасниле дека работите припаѓаат на нејзиниот маж, тој запрепастено рекол: “Па, јас сум нејзиниот маж“.

Тогаш му објасниле дека Мирјана е повредена во момент додека во природа водела љубов со колега од работа – наведува соговорникот. Спрема наводните тврдења добро известениот извор, мажот се здобил со полесни повреди, бидејќи бил во улога на “проводник“.

Жената оптегната лежела на тревата, додека мажот во момент на удар на гром бил на коленици. Се претпоставува дела електрицитетот поминал преку неговото тело, а потоа удрил во неговото голо колено. Мажот имал пвеќе среќа и се здобил со полесни повреди, додека неговата партнерка го извлека подебелиот крај.

Слични Вести
Menu