Британскиот произведувач објави фотографии и технички детали за својот најмоќен кабриолет досега – „765LT Spider“.
За погонот е избран познатиот 4.0 литарски твин-турбо V8 мотор на „McLaren“ кој испорачува 765 коњски сили (562 kW) и 800 Nm максимален вртежен момент во овој автомобил.
Тоа е доволно за автомобилот да забрза од место до „стотка“ за само 2,8 секунди, додека до 200 километри на час му се потребни вкупно 7,2 секунди.

Заштедата во масата е постигната и благодарение на лесно подвижниот тврд покрив, кој исто така е изработен од карбонски влакна.
Покривот се спушта или се крева по електронски пат за само 11 секунди.
„McLaren“ објави дека ќе го продава „765LT Spider“ по почетна цена од 411.000 евра, а се планира ограничена серија од само 765 примероци.
