Парче од свадбената торта на Чарлс и Дајана продадено по неверојатна цена

Парче торта од свадбата на принцот Чарлс и на принцезата Дајана во 1981 година, продадено е на аукција за 1.850 фунти.

Почетната цена на парчето торта стара 40 години со марципан и бела глазура украсена со кралскиот грб била од 300 до 500 фунти, но се продала за повеќе од трипати од цената.

„Бевме изненадени од бројот на луѓе кои сакаа да се натпреваруваат за ова големо и уникатно парче кралска торта“, рече аукционерот Крис Албери и специјалист за кралски спомени во аукциската куќа „ Dominic Winter Auctioneers, “ во Сиренсестер, западна Англија.

„Имаше многу прашања од понудувачите, главно од Велика Британија, САД и неколку земји од Блискиот Исток“, рече Албери.

Успешниот понудувач доаѓа од Лидс на северот од Англија, рече Албери. Тортата прво и била дадена на Мојра Смит, која работела за кралицата мајка во резиденцијата на Кларенс Хаус во центарот на Лондон.

По смртта на Мојра Смит, нејзиното семејство го продало парчето на приватен колекционер за 1.000 фунти на аукција во 2008 година.

„Изгледа дека е во иста, добра состојба како кога беше првично продадено, но ве советуваме да не го јадете“, рекоа аукционерите.

Слични Вести
Menu