Видео: НБА ѕвездата го спаси својот 2-годишен син од давење во базен, камерите снимиле сè

Кошаркарот Андре Драмонд херојски скокнал во базенот за да му помогне на својот двегодишен син кој паднал во водата.

Штом видел што се случило, целосно облечениот кошаркар веднаш се затрчал и скокнал во водата за да го спаси својот син кој не знае да плива.

НБА ѕвездата на Твитер ја објавил снимката од надзорните камери која покажува што точно се случило. Деон седел на работ од базенот, па случајно паднал.

„Не носат сите херои наметка. Најголемиот кошмар на секој родител“, напишал кошаркарот во описот на видеото.

Тој нагласил и дека никој не е повреден.

Андре брзо го фатил својот син во базенот, па го подигнал над површината на водата, а потоа мажот кој стоел пред базенот го презел детето.

Снимката за само 15 часа била прегледана над милион пати, а многу од пријателите на кошаркарот биле исплашени, но сега кога знаат дека сите се во ред и дека нема повредени се смирени.

„Ова се случува повеќе отколку што мислите, за жал, не се секогаш сите исходи се толку добри“, „Татковиот инстинкт брзо се активирал, секоја чест“, „Се однесуваше како вистински татко во оваа ситуација и го спаси своето дете од лоша ситуација“, „Драго ми е дека детето било под надзор во близина на базенот и дека неговите родители не биле зафатени со нешто друго туку биле свесни каде им е детето“, се само дел од коментарите под видеото. 

You might also like
Menu