ВИДЕО | Балканци вртат јагне на ражен на плажа во Будва

И оваа година на социјалните мрежи се вртат различни „балкански“ ситуации од плажите и особено поврзани со јадење на плажа.

Откако се појави фотографија од Хрватска на која се гледа како едно семејство поставува маса на плажа и сервира комплетен семеен ручек и уште една фотографија од хрватска плажа на која се гледа едно момче како вари качамак на среде плажа, најновата вест на оваа тема е од Црна Гора.

На Инстаграм, на страницата „Сиот тој луд Балкан“ се појави видео кое наводно е снимено на плажата Јаз покрај Будва во Црна Гора, а кое се гледа како непознат маж врти јагне на ражен покрај шокираните капачи на плажата.

Дека не е шега се гледа од тоа што јагнето и раќенот се со фул опрема, јаглен, лопатка, па дури и акумулатор за вртење на раженот.

https://www.instagram.com/p/CShnkPQjI-W/

Слични Вести
Menu