7 наставнички во истото основно училиште забремениле во исто време

Населението на основното училиште во Годард, Канзас, забележа сериозен „бејби бум“. Од 15 наставници кои предаваат пониски одделенија, 7 наставнички забремениле со разлика од само неколку месеци.

Директорката Ешли Милер остана шокирана. Таа вели: „Кога дојде седмата учителка да ми каже дека е бремена, мислам дека се наведнав над масата и ја прашав дали се шегува“. Замените наставници се подготвени да ги преземат смените на наставниците кои се пред породување. Бидејќи термините за доспевање се од октомври до април, се ќе помине со минимална конфузија и хаос. И осум нови бебиња ќе се приклучат на училиштето Оук Стрик.

Една од мајките, наставничката Кели Joо Шихон, чека близнаци. За Тифани Шмит, бременоста беше целосно изненадување. Тифани веќе има 7-годишно и 9-годишно дете и не планирала уште едно. Таа објасни: „Бев многу среќна што сите беа бремени, но мислев дека јас завршив со тоа … добро, изненадување“.

Откако ќе помине првичниот шок, идните мајки се многу благодарни што имаат можност да ја доживеат таа бременост во таков прекрасен амбиент. Ретко е да има соработници кои можат да се поврзат едни со други на таков длабок начин.

You might also like
Menu