Тројката Матеј, Матео и Каја се новите членови на Охрид кои иако беа родени на 29 јули, тие дури денеска се пуштени дома од Детската клиника во Скопје каде што се наоѓаа. Мајката Тања Димоска Лазароска која не контактираше уште по самиот пораѓај е пресреќна, со оглед на тоа што претходно го има и првото машко дете, сега ќе се надополнуваат заедно трите братчиња и сестричката.

Како што кажа Тања бебињата се родени на 29 јули со различни големини, 2 350кг, 2 100кг и 1 800, но со оглед на тоа што станува збор за тројка зачната по природен пат, тие мораа периодов наназад да бидат во Детската клиника во Скопје.Денешната неизмерна радост кога си заминуваат дома од болницата е неизмерна, по што се гледа и од фотографиите кои Тања ги исрати ексклузивно за Охрид 1.