„Холивуд ме бојкотира, ме нарекоа силеџија“: Џони Деп разочаран, вели дека вистината ќе излезе на виделина

Џони Деп конечно решил да проговори за некои работи кои веќе подолго време му се случуваат.

Тој во интервју за „The Times“ раскажал неколку интересни работи, а една од нив е и начинот на кој Холивуд го третира по сагата Амбер Херд. Тој им се заблагодарил на вистинските фанови и им порачал дека вистината ќе излезе на виделина, но дека тој моментално ги трпи последиците и дека професионално не е активен како некогаш.

Имено, тој го промовирал филмот „Minamata“ (чиј дел е снимен во Србија) и рекол дека не постои датум за прикажување во САД и дека филмот единствено е пуштен во Велика Британија.

„И ако е ништо друго, Холивуд ме бојкотира…. Еден човек, еден актер во непријатна ситуација, изминатите неколку години, ништо ново“, наводно Деп изјавил за таа ситуација, пренесува „ТМЗ“.

„Се трудам да одам напред колку што можам, да направам исчекор и да ги изнесам работите на виделина“, рекол Деп.

Тој изгубил еден судски процес против британски таблоид кој објавил разни приказни за неговиот турбулентен однос со Амбер – го нарекле ‘човек кој тепа жени’, ‘силеџија’, а судијата едноставно одлучил дека тоа е вистина и пресудил во корист на таблоидот.

Џони Деп потоа поднел жалба за пресудата и повторно изгубил, барем што се однесува за Велика Британија. Во Америка, тој и Амбер меѓусебно се тужат и постојат неколку тужби по тој основ, односно тој ја тужел за навреда на честа, потоа таа него и така во круг. Затоа и не е чудно што Џони во интервјуто изразил огромна љубов кон своите вистински обожаватели.

„Тие се моите вистински ‘работници’. Горд сум на нив, бидејќи она што сакаат да го кажат е всушност вистината. Вистината која ќе се пробие бидејќи моментално ја нема во главните медиуми“, рекол Деп.

„Сето тоа е долг пат кој понекогаш има препреки. Некогаш е едноставно глупав. А тие (фановите) остануваат со мене и за нив секогаш ќе се борам. Секогаш, докрај“, ја завршил својата приказна славниот актер.

Слични Вести
Menu