Почина Јапонецот кој го прослави Судокуто

Маки Каџи, Јапонецот кој ја прослави Судоку-играта со бројки и ѝ го даде името во 1980-тите, почина во Јапонија, од рак, на 70-годишна возраст. Тажната вест ја објави неговата издавачка куќа.

Оригиналниот концепт на Судоку-играта е измислен во 18. век од швајцарскиот математичар Леонар Ојле.

Современата верзија на Маки Каџи од раните осумдесетти беше објавена во САД и Јапонија, по што се зарази целиот свет. Тој ја нарече играта Судоку.

You might also like
Menu