Мудрост на денот: Кога Мајкл Даглас го прашале како го поднесува предавството на другите луѓе, вака одговорил!

Славата ја стекнал во текот на зрелите години и станал еден од најплатените актери во Холивуд.

Во текот на животот поминал низ многубројни фази, а неговите зборови и совети секогаш луѓето со задоволство ги читаат.

Вака своевремено зборувал за светот во кој денес живееме и за грешките кои ги правиме:

„Понекогаш вложуваме повеќе напор за да ги импресионираме странците отколку луѓето кои ни се блиски. Често ги занемаруваме и ги ставаме настрана, сè додека не биде доцна. Никогаш, ама баш никогаш не земајте ги луѓето здраво за готово, тие веќе ви се најголемата поддршка во животот“.

На прашањето како реагира на предавството на другите луѓе, тој вака одговорил: „Успехот е најдобрата одмазда“.

Меѓутоа, актерот вели дека е погрешно сфатен. Новинарите оваа фраза ја извадиле од контекст. Како што објаснил самиот, смета дека одмаздата е само губење време.

„Оние кои се осудиле да ја изневерат вашата доверба и ве повредиле се доволно тажни и злобни што вашата одмазда повеќе не им е потребна. Нивниот живот е веќе доволно тажен“, изјавил актерот.

„Огорченоста никому не му донела ништо добро. Живејте го својот живот, барајте ги целите и не се оптоварувајте со размислувањето за другите луѓе. Да размислувате за одмазда значи да ја убиете сета ваша радост во животот“, заклучил актерот. 

Слични Вести
Menu