Во Црна Гора почнува натпреварот во лежење

Во црногорското етно-село „Монтенегро“, во Брезна, кое се наоѓа во близината на Никшиќ, денеска почнува традиционалниот натпревар во излежување. На десеттиот последователен собир учествуваат натпреварувачи од Црна Гора, но и од земјите од регионот, кои ќе се борат за награда од 300 евра.

Правилата се такви што на учесниците им е забрането да стануваат, но дозволени се спиење, читање книга, храна и пијалаци. Ново правило во однос на претходните години е тоа што на секои осум часа ќе биде дозволено одење во тоалет.

По овој натпревар Црна Гора е единствена во Европа.

You might also like
Menu