Астероид кој е 4,5 пати поголем од Ајфеловата кула ќе помине покрај Земјата – НАСА го карактеризира како “потенцијално опасен”

Астероидот, кој патува со брзина од 94.000 километри на час и ширина од 1,4 километри, утре ќе помине покрај Земјата, а НАСА го калсификуваше како “потенцијално опасен”.

Астероидот наречен “2016 AJ193” ќе ѝ се приближи на Земјата во 17:10 по средноевропско време, а астрономите на НАСА ќе го набљудуваат во период од 20 до 24 август со помош на радар, пренесува порталот Фрстпост.

Тоа е астероид со средна големина и ќе помине покрај Земјата на оддалеченост од 3,4 милиони километри, што е астрономски гледано, прилично блиску, поради што НАСА го карактеризираше како “потенцијално опасен”.

За посликовит приказ, овој астероид е 1,5 пати поголем од Бурџ Калифа, 3 пати поголем од Емпаер Стејт Билдинг и 4,5 пати поголем од Ајфеловата кула.

Астероидите отсекогаш биле причина за загриженост на астрономите ширум светот.

You might also like
Menu