Во Будва се наплаќа и „не сакам ништо“

На Фејсбук страницата „ПодгоРички времеплов“ е објавена фотографија од фискална сметка издадена на плажа во Будва.

„Нема да се седи за џабе“ пишува под постот на сметката, на која е наплатено три пати по 0,50 центи, односно 1,50 евра вкупно, на тројца гости кои „не сакале ништо“.

Група корисници во коментарите посочија дека оваа практика е нормална низ цела Европа, односно дека местото во ресторан се наплаќа во зависност од локацијата, а други се пошегуваа на сметка на гостите.

Слични Вести
Menu