Анџелина Џоли има важна ПОРАКА: „Ова е писмо што го добив од тинејџерка од Авганистан“

Познатата актерка Анџелина Џоли отвори профил на социјалната мрежа Инстаграм, а веќе ја следат над шест милиони луѓе.

Во описот на профилот на Анџелина стои:

„Мајка, директорка, специјален пратеник на ОН за бегалци“.

Инаку, Анџелина одлучи да ги искористи социјалните мрежи за да зборува за кризата што го зафати Авганистан.

Поточно, нејзината прва и засега единствена објава е писмо од тинејџерка од Авганистан, со кое Анџелина ги сподели своите искуства.

„Луѓето во Авганистан во моментов ја губат способноста да комуницираат преку социјалните мрежи и можностите за бесплатна комуникација. Се придружив на Инстаграм за да ги споделам приказните и гласовите на сите оние ширум светот кои се борат за своите основни човекови права“, напиша Џоли.

Во писмото, анонимната тинејџерка и напишала на актерката дека „сите се плашат“ и дека „сите мислат дека нашите соништа се изгубени“.

Слични Вести
Menu