Ковид забава: После роденденската журка на Обама бројката на заразени во островот се искачила на 158

Островот Martha’s Vineyard во САД ја забележува највисоката бројка на заболени од Ковид-19 по број на жител, а сето тоа благодарејќи на поранешниот американски претседател.

Болницата на островот е исполнета со нови случаеви на коронавирус, а виновник за тоа е Барак Обама, поранешниот претседател на Америка. Имено, после роденденската забава која ја приреди Барак за својот 60 роденден, овој остров го бележи највисокиот пораст на заболени по број на жител.

Како што пренесува локалниот магазин, три пациетни се наоѓаат во критична состојба, додека едно лице е префрлено во болница во Бостон. На островот постои само една болница и од почетокот на пандемијата во неа се лекувани дури два пациенти заболени од корона.

Таа не сакала заразените да ги поврзе со големата забава која ја организираше Обама, па рекла дека ги следат контактите и ќе утврдат од каде започна да се шири вирусот. Претходните недели, здравствените работници донеле одлука заштитните маски да бидат задолжителни во затворени простории. Бројот на заразени на островот значително се намалил во месец мај благодарејќи на вакцинацијата.”Сега имаме полни раце работа”, рекла Дениз Скеписи, управничката на болницата.

Слични Вести
Menu