Милан Станковиќ ќе оди во манастир – ќе биде калуѓер

Се сеќавате на русокосото момче Милан Станковиќ кој беше доста популарен, а пееше дури и на Евросонг.

Но, тој помина низ сериозна психоллошка криза и себенаоѓање па реши да се сврти кон верата. Тој замина во Црна Гора и стана искушеник во манастирот Подмаине крај Будва.

Калуѓерите велат дека Милан тука го пронашол својот мир но оти не веруваат дека ќе издржи и оти сега само се преиспитува себеси.

Милан е премногу врзан со шоубизнисот и пеењето и сите се надеваат дека тој ќе се врати на сцената каде што му е местото. Поранешната девојка Рада Манојловиќ го моли тоа да не го прави.

You might also like
Menu