(Фото) Брена и Боба ја укотвија јахтата во Албанија, па седнаа на ручек во Драч

Брена и Боба  не престанаа да се шетаат на својата јахта по Медитеранот, но никогаш досега не ја покажале како изгледа, освен дека  има шест спални соби. Таа за прв пат објави фотографија пред јахтата, каде ужива со семејството и пријателите.

Таа  објави фотографии од Албанија каде со друшво и со сестра си ја укотвија јахтата во Драч во Албанија, па седнаа во еден од ресторните на ручек.

 „Патуваме затоа што патувањето, различноста и далечината се тајните освежувачи на креативноста на нашиот ум“, вели Брена. Таа во едно интревју рече дека станува збор за јахта од околу 100 метри, со пет, шест спални соби.

“Тоа не беше подарок само за нашите души. Сакавме да си дозволиме нешто повеќе, затоа и купивме јахта“, рече Брена за јахтата одн шест милиони евра.  И додава дека за време на пандемијата не можеле да се дружат па и недостасувале пријателствата.

„Можевме само да пловиме. Така, имав барем една година пауза и одмор за да поминам низ она што навистина го сакав цел живот, да пловам и да бидам на вода. Ги сакам морето и водата“, рекла Брена во претходното интервју за српските медиуми.

Слични Вести
Menu