Почина највисокиот човек на светот

Највисокиот човек во САД, Игор Вовковински, почина во американската држава Минесота на 38 -годишна возраст – бил висок 234,5 сантиметри.

Неговото семејство објави дека Игор починал од срцев удар во петокот на клиниката Мајо во Рочестер, објави „Си -Би -Ес“.

Мајката Светлана Вовковинска, медицинска сестра на интензивна нега на клиниката Мајо, ја објави веста за неговата смрт на Фејсбук.

Роден е во Украина, а на Клиниката Мајо дошол во 1989 година на лекување, бидејќи туморот ја притиснал неговата хипофиза и предизвикал лачење на абнормални количини хормон за раст.

Вовковински се појавил во телевизиското шоу „Доктор Оз“, по што поранешниот американски претседател Барак Обама го повика на митинг во 2009 година, кога забележал дека Игор носи маица со натпис „Највисок фан на Обама“.

На 27 -годишна возраст, Вовковински е прогласен за највисок човек во Америка во Гинисовата книга на рекорди во Њујорк.

You might also like
Menu