Бебето од омотот на „Nevermind” ја тужи „Нирвана” за детска порнографија

Бебето овековечено на омотот на албумот „Nevermind” на хеви-метал групата „Нирвана”, сега го тужи составот за детска порнографија.

Албумот е издаден пред точно 30 години, во 1991., а на фотографијата, Спенсер Елден е целосно гол во вода и посегнува по банкнота-мамка од еден долар. По три децении тој смета дека тоа е силна алузија за детска порнографија и проституција.

„Обвинетите намерно комерцијално го употребија Спенсер во детската порнографија и ја искористија шокантната природа на неговата слика за да се промовираат себеси и нивната музика на негова сметка”, се вели во тужбата, поднесена во Калифорнискиот окружен суд во САД.

– Обвинетите користеле детска порнографија која го прикажува Спенсер како суштински елемент на шемата за промоција на плочата, која најчесто се користи во музичката индустрија за да привлече внимание, при што корицата на албумот ги поставува децата на сексуално провокативен начин за да добијат озлогласеност, да придонесат за продажбата и да привлечат медиумско внимание и критички погледи.

Тужителот бара по 150.000 долари од повеќе претставници на составот „Нирвана”. Притоа, засегната е и Кортни Лав, како наследничка на починатиот Курт Кобејн, но и неколку други негови наследници.

Инаку, иако Елден ја изимитирал својата поза за 10, 17, 20 и 25-годишнината од пуштањето на албумот, сега вели дека не добил повеќе од оние 200 долари што ги зеле неговите родители за оригиналната слика. На последната имитација на сликата од 2016., Елден има и тетоважа со насловот на албумот.

You might also like
Menu