Канје Вест повеќе не постои: Раперот поднел барање за промена на името кое се состои од само две букви

Раперот Канје Вест поднел барање до Врховниот суд во Лос Анџелес за официјална промена на името.

Како што се наведува, 44-годишниот музичар повеќе не сака да го користи своето име Канје Омари Вест туку својот долгогодишен прекар – Је, без средно име и презиме, пренесува „USA Today“.

Агенцијата наведува дека промената на името мора да биде одобрена од страна на судот.

Канје во интервјуа зборувал дека, покрај тоа што е кратенка од неговото име која му се допаѓа, тоа е збор кој може да се пронајде на повеќе места во Библијата.

Вест е среде бракоразводна парница со сопругата Ким Кардашијан Вест, која во барањето за развод во февруари не побарала да ѝ се отстрани неговото презиме. Парот има 4 деца кои исто така го носат презимето Вест.

Слични Вести
Menu