(ВИДЕО) На Фејсбук пренесувала како околу нејзината куќа се собира вода, потоа исчезнала

Линда и нејзиниот син успеале да се качат на кровот, но тој се урнал и таа не успеала да преживее.

Жена од Тенеси се удавила откако во живо на Фејсбук пренесувала како нивото на водата расте околу нејзината куќа. Таа е уште една жртва во катастрофалните поплави во Тенеси, која досега однела најмалку 22 животи.

Линда Алмонд одела во живо на Фејсбук во околу 10:15 часот во саботата наутро, покажувајќи ја опасната ситуација која се одвивала околу нејзината куќа.

Снимката траела околу една минута, а Линда не ни претпоставувала дека во неа ќе бидат последните нејзини зборови.

“Ако ме гледа некој, поплавени сме во Вејверли. Многу е страшно”, вели Линда во снимката.

Во снимката се гледа и матната вода како минува покрај нејзиниот дом. Линда после тоа запалила цигара.

“Мислам дека нешто удри во куќата”, се слуша машки глас на снимката, најверојатно синот на Линда.

Слични Вести
Menu