NASA објави видео панорами од Марс што ги сними Curiosity (ВИДЕО)

NASA објави панорамско видео со кое одбележува десет години од истражувањето на Марс со помош на роверот Curiosity.

Видеото ја прикажува внатрешноста на кратерот Гала, како и локациите на кои престојувал роверот Curiosity и каде се движел. Исто така, видеото е доказ дека во текот на зимскиот ден без прашина во воздухот видливоста е одлична дури и на повеќе од 30 километри.

Панорамското видео го покажува патувањето на Curiosity до Моунт Шарп. Научниците се надеваат дека ќе дознаат повеќе информации за тоа како Марс останал без вода и колку време било потребно за да стане како пустина.

Слични Вести
Menu