(ВИДЕО) Дубаи со нова атракција

Највисокиот видиковец, или „вртелешка“ во светот, се отвора на островот Блуветерс во Дубаи на крајот на октомври. Со висина од 250 метри, тој е скоро двојно повисок од популарното Лондонско око, една од најпосетуваните атракции во Европа.

Аин Дубаи, или „Окото на Дубаи“, како што е наречена атракцијата, истовремено може да прими 1.750 посетители во 48 целосно дигитализирани кабини. За најевтиното возење, посетителот ќе плати 30 евра, додека оние со подлабок џеб ќе можат да резервираат посебно искуство во приватна кабина. Возењето трае просечно 38 минути.

Изградбата на „вртелешката“ чинела 270 милиони долари, и иако отворањето требало да биде минатата година, одложено е за октомври оваа година.

Имено, Дубаи требало да ја отвори Светската изложба EXPO 2020, но поради пандемијата тоа не било можно. Затоа, изложбата, како и отворањето на атракцијата, се одложени. Исто како Ајфеловата кула на Светскиот саем во Париз, Аин Дубаи ќе биде голема атракција на настанот, привлекувајќи милиони луѓе ширум светот.

Самиот “рингишпил” се наоѓа на островот Блуветерс, кој е целосно прилагоден на потребите и желбите на туристите.

Аин Дубаи, наводно, е изграден од девет илјади тони челик, а средишниот раб тежи дури колку шеснаесет авиони Ербас 380.

Слични Вести
Menu