Наташа Беквалац прими трета доза „Фајзер“

Српската пејачка Наташа Беквалац утрово во Белград ја прими третата доза од вакцината „Фајзер“. Таа се вакцинираше на белградскиот саем, каде што ја пречека заменик градоначалникот, Горан Васиќ. Третата доза од вакцината, која се нарекува „бустер“ и го засилува дејството на првите две вакцини, во Србија може да се прими од пред десетина дена.

Откако се вакцинираше, Беквалац пред новинарите рече дека до сега не се заразила со вирусот, а решила да ја прими третата доза од вакцината за да се заштити и себе, своите најблиски, но и публиката која доаѓа да ја гледа на малкуте настапи што ги има последниве месеци.

„Сакам да апелирам до луѓето да се вакцинираат. Не се сомневам дека ова е единствениот начин да се запре ширењето на болеста и да се вратиме во нормала. И мојата најстара ќерка ќе се вакцинира. Жал ми е што гледам дека бројот на заразени пак расте, а бројот на вакцинирани стагнира“, рече Беквалац.

Пејачката го привлече вниманието со пораката што ја испрати, но и со изгледот. Таа беше облечена во црна мини сукња со кошула и високи потпетици, и Луј Витон очила кои чинат 500 евра.

You might also like
Menu