(Видео) Ердоган пристигна во Сараево и прошета низ Башчаршија

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган пристигна во Сараево каде ќе се сретне со членовите на Претседателството на БиХ и ќе присуствува на венчавката на ќерката на лидерот на Партијата за демократска акција, Бакир Изетбеговиќ.

Првиот човек на Турција по пристигнувањето во Сараево прошета низ Башчаршија каде го поздравија голем број граѓани. Потоа Ердоган замина на гробот на Алија Изетбеговиќ каде оддаде почит.

Во вечерните часови Ердоган ќе се сретне со членовите на Претседателството на БиХ, а теми на разговорот ќе бидат економската соработка на двете земји и заедничките инфраструктурни проекти како изградбата на автопатот Сараево-Белград.

Ердоган пред заминувањето во посета на Босна и Херцеговина на новинарите во Истанбул им кажа дека БиХ претставува клучна држава на Балканот и дека Турција дава голема важност на нејзината мултикултурна структура, безбедноста, стабилноста и развојот.

Турскиот претседател изрази задоволство што по посетата на БиХ, ќе отпатува во прва официјална посета на Црна Гора.

Слични Вести
Menu