Статуата на принцезата Дијана ќе биде отворена за јавноста на годишнината од смртта

Следната недела носи со себе потресна пресвртница, бидејќи вторник на 31 август се навршуваат 24 години од смртта на Дијана, принцезата од Велс. Оние кои сакаат да ѝ оддадат почит на ‘принцезата на народот’, ќе можат да го сторат тоа на неодамна откриената статуа во градините на палатата Кенсингтон.

Потоната градина во палатата, домот на новата статуа на принцезата Дијана, во моментов е отворена за јавноста само од среда до недела, од 10 до 17,45 часот. Сепак, градината ќе биде отворена во вторник на 31 август за да се совпадне со годишнината од нејзината смрт.

Воведени се аранжмани за да им се овозможи на посетителите да ја видат статуата во вторник од 15 до 17 часот – 24 години по нејзината смрт по сообраќајна несреќа во Париз, во август 1997 година.

„Свесни сме дека ќе има интерес да се види статуата на тој ден. Ќе обезбедиме пристап до Cradle Walk, прекрасната пешачка патека околу потоната градина,“ изјави портпаролот на Историски кралски палати (Historic Royal Palaces), HRP.

По многу исчекување и бројни одложувања, статуата конечно беше откриена од синовите на Дијана, војводата од Кембриџ и војводата од Сасекс, на 1 јули оваа година.

„Дизајн кој го изработи британскиот скулптор Јан Ранк-Бродли, бронзен приказ на Дијана, има за цел да го препознае нејзиното позитивно влијание во Обединетото Кралство и во светот, и да им помогне на идните генерации да го сфатат значењето на нејзиното место во историјата,“ наведедено е на веб-страницата на HRP.

You might also like
Menu