Еден од најпопуларните турски актери, Џан Јаман (31), моментално престојува во Белград. По завршувањето на деловните обврски, тој го искористи денот да ужива во шармот на главниот град на Србија, пренесуваат тамошните медиуми.
На Инстаграм се појавија фотографии од неговата посетата на еден ресторан во Земун, додека се забавуваше со своите пријатели и соработници.