ДЕВОЈКАТА НА РОНАЛДО ГО ПРОВОЦИРА ТРЕНЕРОТ НА РЕАЛ МАДРИД ОТКАКО ТОЈ ОФИЦИЈАЛНО СЕ ВРАЌА ВО МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД

Девојката на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез го прозва тенерот на Реалд Мадрид, Карло Анчелоти откако нејзиниот партнер го напушти Јувентус и се врати во Манчестер Јунајтед.

Трансферот на Кристијано предизвика многубројни реакции во целиот свет, особено на социјалните мрежи, а посебно внимание привлече коментарот на Георгина кој го оставила под фотографијата објавена на Инстаграм од шпанската телевизија „El Chiringuito“.

Откако објавија дека португалскиот ас официјално стана новиот играч на Манчестер Јунајтед, Џорџина напишала:

„Се надевам дека ни Анчелоти нема да го демантира ова

Во позадина на оваа приказна е огласувањето на италијанскиот тренер кој по пат на Твитер пред околу десет дена ги демантираше гласините дека го контактирал Роналдо и дека се подготвува неговото големо враќање на Сантијаго Бернабе.

-Кристијано е легенда на Реал Мадрид и ја има сета моја љубов и почит. Никогаш не размислував за тоа повторно да го ангажирам. Одиме и гледаме напред, напишал Анчелоти.

Португалецот минатата сезона одигра 44 натпревари за Јувентус и постигна 36 голови. Исто така, беше првиот стрелец во Серија А со 29 погодоци, а во Манчестер се враќа откако во 2009 премина во Реал Мадрид.

You might also like
Menu