Новиот „Ајфон 13″, веројатно, ќе овозможи сателитски разговори

Се наближува времето до претставувањето на новиот „Ајфон 13″, а една гласина особено го привлекува вниманието. Имено, познатиот аналитичар Минг-Чи Куо тврди дека новиот уред на „Епл” ќе овозможи сателитски разговори.

Тоа значи дека мобилните телефони ќе можат директно да се поврзат со „Сателитите во ниската Земјина Орбита (ЛЕО) благодарение на чипот „Квалком Икс-60″.

Сателитите ЛЕО веројатно се најпознати како „рбетот” на мрежата на „Старлинк”, која има за цел да ја покрие Земјата со интернет. Сепак, „Старлинк” не е единствената компанија која користи ЛЕО сателити за поврзување. „Хјузнет” и „Уанвеб”, исто така, ги здружија силите за да понудат конкуренција, а и „Имарсат” најави своја 5-Г констелација.

Уште поважно за оваа гласина за „Ајфон”, е „Глобалстар”, којшто доби значајна вредност на почетокот на оваа година, кога „Квалком” објави дека претстојниот чип „Икс-65″ ќе ја поддржува технологијата на „Глобалстар”. Како новата функција ќе влијае на батеријата, допрва ќе се покаже.

You might also like
Menu