Maкедонската мисица Кристина Димитриевска изминатиот период постојано добива пораки, комплименти за нејзиниот изглед, но и прашања дали би влегла во некое реално шоу.
Таа е активна на социјалните мрежи, а често од нејзините следбеници добива комплименти, но и прашања за реалити учесникот Ненад Маринковиќ Гастоз.
Кристина одвои време за своите следбеници и одговараше на прашања на нејзините следбеници, а најмногу од нив ја прашаа дали би влегла во реално шоу заедно со Гастоз.
„Дали ќе влезеш во „Парови 10“?“, гласеше едно од прашањата.
-Ако таму биде Гастоз, тогаш влегувам“, одговори мисицита.

Дали би влегла во „Задруга“, ако Гале влезе таму?
-Ма, и во ВЦ да влезе, идемее….Секако дека да бидејќи со него ќе биде вистинско шоу“, напиша Кристина.

Некои од следбениците ја праша Димитриевска дали се заедно односно во врска, а таа имаше интересен одговор:
„Еве не заедно на слика“, одговори таинствено Кики.

Исто така, некој од следбениците ја праша дали би влегла во Задруга?
-Во „Парови“ заминав како поддршка, но сепак не за подолго“, одговори моделот.
Дали Кристина можеби ќе влезе во реално шоу останува да видиме.
Инаку, нема да биде првпат некој македонски учесник да биде дел од реалити програма.
Колку за потсетување, Дарко Спејко во 2015 година победи во „Парови“.