Најпознатиот турски заводник Џан Јаман и „фрли око“ на внуката на Тозовац

Внуката на покојниот легендарен пејач Предраг Живковиќ Тозовац, Јована Ѓорѓиќ се пофали на социјалните мрежи со фотографија на која е во друштво на турскиот актер Џан Јаман.

Имено Јаман кој неколку дена е во Белград буквално е во центарот на вниманието на целото население каде и да се движи, особено секој негов чекор го следат тинејџерките.

А освен нив, одблиску имаше шанса да го запознае и да се фотографира со него и внуката на Тозовац.

Јована со својот опис под истата буквално ги шокираше сите.

-Многу се сликаа со него, но ниту еден ваков поглед, напиша Јована.

Инаку турскиот актер овие денови е во Белград, а речиси немаше девојка која не сакаше да се слика со него.

Слични Вести
Menu